недела, 10 октомври 2010

Официјално затворање на блогот:

http://www.manchesterismyheaven.com/

ОФицијално затворање на блогот...



Благодарение до сите што го следеа блогот и новостите. Блогот се затвора затоа што се отвари нов сајт за Манчестер Јунајтед кој работи на еден поинаков начин и ги пренесува најрелевантните информации околу и за клубот. Продолжите да нè следите, кликнете на сликата ќе ве одведе до новиот сајт.

Glory, glory Man United!


Прочитај повеќе...

недела, 3 октомври 2010

Мајкл Керик: Не сакам да заминам од Јунајтед:

http://www.trulyreds.com/wp-content/uploads/2010/08/Carrick_02.jpg
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик вели дека сака да остане на Олд Трафорд до крајот на неговата кариера...


Англискиот интернационалец во последните неколку месеци константно се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед и се шпекулира дека Астон Вила е последниот клуб што пројавува интерес за услугите на 29 годишниот Керик.

Но играчот, кој има уште две години од договорот со ’Црвените Ѓаволи’, инсистира дека тој никогаш не размислувал за заминување од Олд Трафорд.

Керик рече: “И јас видод дека одредени приказни сугерираат дека минатото лето ќе сум заминел од Јунајтед но јас не им обрнував внимание.”

“Тоа е дел од играта.”

“Никогаш не сум размислувал дека сум на пат за заминување од Јунајтед, ниту една минута. Такви мисли никогаш не ми се вртеле низ паметото.”

“А ниту менаџерот ме нема кажано нешто такво.”

“Ова е одлично место за да се биде. Имам да ја одиграм уште оваа сезона и следната според мојот договор и би сакал да останам тука до крајот на мојата кариера.”

“Зошто би сакал да одам на друго место?”

“Сега останува на мене да работам напорно оваа сезона и да се изборам за место во тимот.”

“Па целта е да се биде во тимот што почесто.”





Прочитај повеќе...

Премиер Лига: Сандерленд 0 - 0 Манчестер Јунајтед:

- 0
Манчестер Јунајтед продолжува со слабата форма на гостувањата во Премиер Лига...


Цревните Ѓаволи’ пропуштија да се изедначат по бројот на бодови со лидерот Челзи откако на гостувањето кај Сандерленд одиграа натпревар без погодоци.

Во тимот на Јунајтед се најдоа во нападот Овен и Македа кои буквално ништо не прикажаа. Во вториот дел влезе Бербатов и Чичарито кои малце ја дигнаа играта на Јунајтед но не беше тоа доволно за победа на Црвените Ѓаволи.



Прочитај повеќе...

петок, 1 октомври 2010

Преглед: Сандерленд - Манчестер Јунајтед:

http://cdn.bleacherreport.net/images_root/slides/photos/000/341/446/103290515_display_image.jpg?1281662592
2 - Октомври, 2010 - 16.00 h
Стадион на светлината, Сандерленд


Манчестер Јунајтед гостува на стадионот на Сандерленд во исклучително важен натпревар за Црвените Ѓаволи. Минатата недела Јунајтед не успеа да му се доближи на Челзи и изигра само нерешено со Болтон и оваа недела е под притисок поради натпреварот Челзи - Арсенал.

Сандерленд досега оваа сезона е непоразен на нивниот стадион, но Јунајтед има победено во последните четири гостувања кај Сандерленд. Менаџерот на Сандерленд нема издвојувано победа над Фергусон како тренер во последните 15 меча.

Сандерленд е охрабрен поради лошите резулатати сезонава над нив од големите екипи. Не изгубија во натпреварите со Сити, Арсенал и Ливерпул.

Тимски новости:
Сандерленд:
Се очекува Бент заедно со новото засилување Гиан да го предводат нападот на Сандерленд.

Сандерленд се соочува со проблеми во одбраната и Џон Менза и Ричардсон нема да настапат поради повреди но се очекува Антон Фердинанд да се врати во срцето на одбраната.

Дени Велбек исто така нема да игра против својот матичен клуб.

Можен состав: Минолет, Тарнер, Брамбл, Бредсли, Ел Мухамади, Хендерсон, Катермол, Малбранк, Гиан и Бент.

Манчестер Јунајтед:
Се соочуваме со проблеми околу средниот ред каде што нема да настапат Гигс, Сколс поради повреди. Руни исто така нема да игра не мечот поради повреда.

Се очекува Керик да игра во првиот тим покрај Дарен Флечер.

Чичарито кој го постигна победничкиот гол против Валенсија најверојатно повторно ќе биде на клупата но Овен би требало да биде на теренот покрај Бербатов.

Можен состав: ВДС, Рафаел, Фердинанд, Видиќ, Евра, Нани, Флечер, Керик, Парк, Овен и Бербатов.

Моја прогноза:
Очекувам победа да издвојуваме и да се префрли притисокот на Челзи во мечот со Арсенал. После победата над Валенсија очекувам добра и самоуверена игра. Доколку настапиме во одбраната како погоре што е пишано не би требало да примиме ниту еден гол.

Конечен резултат: Сандерленд 0 - 2 Манчестер Јунајтед





Прочитај повеќе...

четврток, 30 септември 2010

Флечер: Ернандез е фантастичен играч:

http://d.yimg.com/i//ng/sp/eurosport/20100811/25/7a1e237b8819e319390b4f5cb2f64f7d.jpg
Дарен Флечер упати само пофалби за Чичарито...


Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер има само пофалби за Хавиер Ернандез.

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Мексиканецот Хавиер Ернандез го постигна единствениот гол на Местаља кој значеше победа над Валенсија.

По одличните перформанси на синоќешниот дуел против Валенсија од сите страни стигнуваат пофалби за Ернандез, еден од импресионираните е и Дарен Флечер.

"Хавиер постигна фантастичен погодок" - вели Дарен Флечер.

"Тој покажа дека ќе биде одличен фудбалер за Манчестер Јунајтед".

"Тој е млад и сеуште го учи нашиот начин на игра, но Ернандез е вистински талент".

Синоќешната победа на Манчестер Јунајтед беше особено важна по ремито против Ренџерс во првото коло.

"Се враќаме на добра позиција. Бевме разочарани по ремито дома со Ренџерс и знаевме дека ќе биде тешко против Валенсија".

"Но дојдовме до три бода и сега сме на врвот во групата".

"Целта секогаш е десет бода од групната фаза" - заврши Флечер.





Прочитај повеќе...

Лига на Шампиони: Валенсија 0 - 1 Манчестер Јунајтед:

- 0
Манчестер Јунајтед издвојуваше важна победа на гостувањето на Местаља...


Манчестер Јунајтед успеа да слави на Местаља, совладана е Валенсија со 1:0. Ослабениот Манчестер Јунајтед до триумфот во Шпанија стигна со голот на Хавиер Ернандез во финишот од натпреварот.

Дуелот на Местаља не ги воодушеви гледачите, двата тима создадоа малку шанси за гол, фудбалерите почесто се расправаа меѓу себе и на теренот владееше тензична атмосфера.

Сепак во 85-тата минута, Ернандез по асистенција на Андресон ја затресе мрежата на Сезар Санчез и на Манчестер Јунајтед му донесе значајни три бода во битката за пласман во следната фаза.

Линк од голот.





Прочитај повеќе...

среда, 29 септември 2010

Преглед: Валенсија - Манчестер Јунајтед:

http://parroquiasanjeronimo.files.wordpress.com/2008/12/valencia-cf.jpg?w=360&h=270
29 - Септември, 2010 - 20:45 h
Местаља, Валенсија



Долгочекуван натпревар за двата тима. Валенсија се наоѓа во одлична форма и го пречекува Јунајтед на Местаља додека Манчестер доаѓа во Валенсија со нецелосен прв тим.

Манчестер Јунајтед на овој натпревар ќе биде без Пол Сколс, Рајан Гигс и Вејн Руни. Пол Сколс ќе одмара поради повреда додека Гигс се здоби со повреда на мечот со Болтон и ќе отсуствува неколку недели. Руни е неподготвен за дуелот поради повреда и ќе отсуствува 3 недели.

И покрај тоа што Валенсија ги загуби своите најголеми ѕвезди создаде одличен нов тим кој лесно се уигра и игра одлично. Заминувањата на Давид Силва, Давид Виља и Никола Жиѓиќ ја принудија Валенсија да биде доста активна на трансфер пазарот. Доведени беа Солдадо, Адуриз, Топал, Тино Коста, Коста и Фегули кои одлично се вклопија во тимот и Валенсија моментално се наоѓа на првото место во Ла Лига. Минатото коло Валенсија го победи тимот на Бурсаспор во гости со импресивно 0 - 4.

Тренерот на Валенсија, Унај Емери изјави дека Јунајтед е фаворит во дуелот и дека имаат голем респект за Манчестер но нема да го предадат мечот о ќе се борат за трите бода.

Манчестер Јунајтед доаѓа во Шпанија по нерешениот резултат против Болтон во ПЛ и Ренџерс во ЛШ. Тимот на Фергусон досега има победено на само едно гостување сезонава и тоа од Карлинг Куп против тимот на Сканторп додека сите други гостински натпревари завршија нерешено.

Тимски новости:
Валенсија:
Крилото на Валенсија Хоакин најверојатно нема да може да настапи поради повреда додека исто така нема да настапат Висенте и Евер Банега. Чори Домингез е неизвесен. Се очекува Мата да настапи и покрај ситната повреда.

Јунајтед треба да пази на напаѓачите на Валенсија кои се во одлична форма. Адуриз и Солдадо.

Можен состав: Цезар, Мигел, Коста, Наваро, Алба, Топал, Албелда, Тино Коста, Пабло, Мата и Адуриз.

Манчестер Јунајтед:
Конечно Манчестер Јунајтед ќе може да смета на Фердинанд кои се опорави од повредата пред две недели но беше спречен да игра поради грипот. Сколс, Гигс и Руни сигурно нема да играат додека се очекува новото засилување Бебе да добие шанса во тимот.

Се шпекулира дека Керик по своето враќање од повредата ќе игра прв тим заедно со Андерсон и Флечер.

Можен состав: ВДС, Браун, Фердинанд, Видиќ, Евра, Флечер, Керик, Андерсон, Нани, Парк и Бербатов.

Моја прогноза:
Овој натпревар ме потсетува на мечот со Волфзбург минатата година кога бевме без одбрана и со многу слаб тим но изненадија и победивме со хет - трик на Овен. Ова е многу важен натпревар за нас и многу тешко гостување. Меч кој мора да се победи.

Конечен резултат: Валенсија 1 - 2 Манчестер Јунајтед



Прочитај повеќе...

недела, 26 септември 2010

Јунајтед без Гигс:

http://phapluattp.vcmedia.vn/Images/Uploaded/Share/2010/07/22/ngai.jpg
Манчестер Јунајтед ќе биде без Рајан Гигс неколку недели кој се повреди на мечот со Болтон...


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон по мечот со Болтон во кој неговиот тим освои само бод изјави дека во следниве неколку недели нема да може да смета на повредениот ветеран, Рајан Гигс.

"Рајан има сериозна повреда, станува збор за проблем со бутниот мускул и се плашам дека тој ќе мора да паузира неколку недели", рече Фергусон.

Менаџерот на Јунајтед на средбата со Болтон беше принуден од игра да извади и Вејн Руни, кој исто така се повреди, но сепак прогнозите за него се пооптимистички и тој најверојатно ќе може да настапи на мечот од Лигата на шампионите против Валенсија.




Прочитај повеќе...